Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Лабудовиќ: Герасимовски бега од соочување и одговорност

20250925110146 big 730x400 28.webp.webp
300x250 opst2

„Ние имаме скандалозна ситуација – кандидат за советник од СДСМ кој гради дивоградба на Кале. И, не застанува, туку продолжува да ја прави. А, градоначалникот Горан Герасимовски не реагира. И, затоа вечерва го нема да дојде на соочување. Затоа што тоа значи дека треба да се соочи со одговорност, за она што го правел. Поточно, за тоа што ништо не направил овие четири години. Вечерва, овде во студиото столчето на Герасимовски е празно исто како што му беше празно в Општината сите четири години. Ние нема да го прашуваме за благајникот што ги “собирал“ средствата од инвеститорите за секоја издадена дозвола за градба, ниту за бизнисите со градење на Зоран Заев и Зоран Дамјановски Циц. Но, сакаме да се соочиме пред граѓаните и да ги споредиме нашите програми“,беше дециден кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на Движењето ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ, на соочувањето во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5.

За четири години, продолжи Лабудовиќ, актуелниот градоначалник ревидирал само три од вкупно 31 урбанистички план. И, на тој начин свесно оставал простор за безредие кое некој го злоупотребувал и сето тоа резултираше со масовна бетонизација во општината. Наместо да биде обратно – со вистинска и ефикасна грижа за јавниот простор, со брзо ревидирање на ДУП-овите, да се спречи узурпација на јавниот простор.


“Во моментов имате градба на 25 објекти – згради само во Буњаковец плус целиот коммплекс на “Треска“ кој граничи со него. Така е и во многу други места низ општината. Еве погледнете слика на две згради, а такви има и во Буњаковец и во Дебар Маало, каде
жителите може, што се вели, да си додаваат сол и кафе од две соседни згради. Толку се блиску една до друга. Затоа е потребна целосна и строга контрола на документацијата и процесот на градба, но не од канцеларија, туку на терен“, нагласи Лабудовиќ.

А, тоа ќе се постигне меѓу другото и преку комплетна дигитализација и транспарентност на секоја постапка, во која граѓаните во секое време ќе имаат увид од поднесувањето на првиот документ, па до нејзиното завршување. А, не како досега – во некои “глуви периоди“ од годината да се прави формален увид и преку ноќ да се издаваат дозволи.

Во презентцијата на изборната програма Мирослав Лабудовиќ најави сериозно проширување на паркинг просторот со катни и монтажни гаражи во Буњаковец, Капиштец и кај нова железничка станица, општинска зграда со подземен паркинг за 300 возила и плоштад и пешачка зона околу неа. Потоа, целосна реконструкција на повеќе улици во маалскиот живот, силна офанзива за чистење на општината и за што повеќе зелени површини во неа.

Но, и сериозна и континуирана соработка со, како што рече, идниот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски за поквалитетен јавен превоз, намалување на сообраќајниот метеж и сите други сегменти, каде надлежностите се поклопуваат. „Само со искрена и
целосно професионална соработка со градот, а јас верувам во тоа, ќе направиме Центар повторно да биде вистинското лице на Скопје и нашата држава. Сигурен сум дека заеднички ќе работиме за општото добро на граѓаните – во општина која ќе овозможи сериозно квалитетен живот за нив“, порача Лабудовиќ.

Можете да прочитате

Шукова: Ѓорче ќе добие БРТ систем, зелен кеј и подобра инфраструктура, крај на маргинализацијата на општината

Ацевски: Ѓорче е уништено од бетонизација, време е да ставиме крај

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ