Претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас, повторно со закана за Барселона, порачувајќи му на каталонскиот клуб дека нема да можат да направат ниту еден трансфер ова лето бидејќи не успеале да воведат ред во финансиската состојба на клубот.
Тебас вели дека Барселона не ги исполнила финансиските регулативи на Ла лига, и покрај економсите мерки за зголемување на приходот во текот на минатото лето, кога продадоа дел од идните ТВ права.
„Не дозволивме Барселона да донесе играчи во зимскиот преоден рок, и следното лето нема да можат да носат играчи. Клубот минатото лето со мерките донесе 5 отсто од својот приход. Ние сме саморегулирана лига и никој не може да направи таков потег како Барселона. Ако со толку важен клуб како Барселона не ги почитуваме нашите финансиски правила, натпреварувањето нема да биде регуларно“, вели Тебас.
Барселона потроши околу 150 милиони вра минатото лето, а донесе и двајца играчи како слободни играчи без пари за трансфер, со што ги поставија своите финансии на „тенок мраз“.