Утрински Весник
Спорт

Ла лига: Барса нема да биде казнета за контроверзните исплати

Ла лига: Барса нема да биде казнета за контроверзните исплати

Претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас вели дека Барселона нема да добие спортски казни за исплатите кои ги направиле кон компанијата на поранешниот шеф на судиите во Шпанија, но дека тоа не значи дека нема да следува кривична пријава против нив.

dobivaj vesti na viber

Во Шпанија се смета дека клубовите можат да бидат казнети во период од три години, пред случајот да застари. Последната исплата на Барселона до „Дансил 95 СЛ“, компанијата на Хозе Марија Енрикез Негреира, тогаш потпретседател на судиската комисија во Шпанија беше во 2018 година, пред пет години.

Тебас смета дека постои основа за кривична пријава, но дека тоа зависи од истрагата за 1.4 милиони евра кои Барселона ги платила на Негреира. Барселона тврди дека од компанијата добила технички извештаи за фудбалското судење и дека тоа е вообичаена практика кај повеќе клубови.

„Јасно е дека во 2018 и во претходните години нашите регулативи кои го следат конфликтот на интерес, за Барселона и за судиската комисија потфрлија. Тоа што го видовме во медиумите го докажува тоа. Такви услуги воопшто не требало да бидат достапни. Не е возможн Барселона да сноси спортски сакнции бидејќи поминаа повеќе од пет години. Кривичната страна на работите треба да ја разгледа обвинителстсвото. Во Ла лига ќе почекаме на одлуката на обвинителството, па ќе преземеме понатамошни чекори“, изјави Тебас.

Негреира беше фудбалски судија од 1977 до 1992 година, по што работеше како потпретседател на судиската комисија до 2018 година, по што замина во пензија.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина