Утрински Весник
Скопје

Лајка: Зголемен бројот на напуштени кучиња со активен микрочип

1000016374.jpg

Се забележува континуиран и загрижувачки тренд на кучиња пронајдени на улица со активен микрочип, односно со јасно идентификувани сопственици. И покрај тоа, дел од сопствениците одбиваат да ги преземат своите кучиња, оставајќи ги во ЈП „Лајка“ и создавајќи дополнителен притисок врз капацитетите на прифатилиштето.

Ова се само девет од кучињата заловени во последниот период, кои имаат сопственик што свесно и несоодветно ги напуштил. Секое од овие кучиња е потенцијален производител на нови легла на улица — што води до зголемување на бројот на напуштени миленици, нови генерации кои ќе страдаат и уште поголеми проблеми за заедницата.

Напуштањето на кучиња претставува кршење на Законот за заштита и благосостојба на животните, но за ваквите случаи не постојат предвидени прекршочни мерки кои би ги санкционирале сопствениците што свесно ги напуштаат своите миленици. Токму затоа, кучињата со микрочип кои се оставени да талкаат завршуваат кај нас — и тоа е системски проблем што мора да се решава.

И покрај недостатокот на законски механизми, мора да постои минимум етичка обврска кај секој сопственик. Ако сте ја презеле одговорноста да чувате куче, оставате трага: микрочип, име, адреса. Но оставате и обврска.

Доколку повеќе не можете да се грижите, должни сте да најдете соодветно решение: да контактирате прифатилиште, да побарате помош, да најдете нов дом, но никогаш да не го оставите миленикот на улица.

ЈП „Лајка“ ќе продолжи да постапува во рамките на своите надлежности, но оставањето чипирани миленици на улица покажува колку е неопходно подобрување на системските решенија и јакнење на свеста за одговорно сопствеништво.

Напуштањето не е опција.

Секој микрочип носи одговорност: за кучето, за заедницата, за сите нас.

Можете да прочитате

Герасимовски: Отстранета доградената дивоградба на ресторанот „Мечка“, јавниот простор го враќаме на граѓаните

Се чисти кејот на реката Вардар

Деблокирана клучката кај Момин Поток – работите продолжуваат со забрзано темпо