Утрински Весник
Економија

КЗК изрече прекршочни санкции за четири трговски друштва и ССК за учество во забранет договор

Market1.webp.webp

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди дека четири трговски друштва кои оперираат на пазарот на трговија на мало со прехранбени производи, како и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) како координатор, учествувале
во забранет договор и/или усогласено однесување во смисла на член 59 од Законот за заштита на конкуренцијата.

-Во постапката е утврдено дека на состанок одржан на 5 февруари 2025 година учесниците постигнале усогласен став за неприфаќање нови или зголемени ценовници од добавувачите, со што ја замениле состојбата на независно пазарно однесување со состојба на практична координација. Овој вид на однесување по својата природа претставува т.н. „by object“ ограничување на конкуренцијата, кое е забрането без потреба од дополнително докажување на пазарни ефекти, соопшти КЗК.

Со донесеното решение, се посочува во соопштениеот, се изречени прекршочни санкции – глоби во износ од 3.075.000 денари за секое од трговските друштва кои оперираат на пазарот на трговија на мало со прехранбени производи, додека на Сојузот на стопански комори на Македонија е изречена прекршочна санкција – глоба во износ од 1.143.000 денари, со цел превенција на идни нарушувања и заштита на потрошувачите и пазарната конкуренција.

Можете да прочитате

Операционализација на плаќањата преку СЕПА за државата и за државните институции

Предлог-законот за ДДВ на Комисијата за финансирање и буџет

Професионалноста и етиката во фокусот на првиот стручен симпозиум на ИСОС и Здружението на внатрешни ревизори