
Власта на Мицкоски подготвува антидржавно и национално предавство. Угледни британски медиуми, како The Times, пренесуваат дека Владата е во разговори со Велика Британија Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода. Народот е вознемирен. И со право. Криминална власт заробена во корупција која секој ден ги лаже граѓаните се договара зад грбот на народот за штетни договори“, рече Кузеска.
Таа нагласи дека ова е сериозна национална и државна тема што директно ја засега безбедноста, стабилноста и иднината на земјата.
,, Ова ли е големата економска вест која Мицковски ја најавуваше со наводниот договор со Обединетотот Кралство? Дали за носење мигранти од Британија е направена проценка на безбедносна. Дали се предвидени ризиците и најважното дали имаме одговор на прашањето – Зошто Британија ги одбила, а ние би ги примиле? Европската статистика е брутална! Дали Мaкедонија и граѓаните од демографски аспект се спремни да кажат добредојде на мигранти, дали не се следи трендот кој постои во повеќе европски земји каде што за жал поради лошо спроведени политики наместо интеграција на мигранти се случива зголемување на криминал, немирите, насилствата“, истакна портпаролката на СДСМ.
Кузеска додаде дека дури и развиени земји како Шведска, Британија и Германија се борат со овој предизвик, а нивните граѓани секојдневно протестираат.
„Ако овие високоразвиени држави не можат да се справат, нема да може ниту Македонија. Ова општество нема капацитет за тоа. Аналитичарите во Британија веќе ја споменуваат Македонија како опција за трајно прифаќање мигранти. Мицкоски и ДПМНЕ ги бркаат младите од државата, а сега планираат да носат мигранти од трети земји. Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара? Никој! СДСМ со сите капацитети ќе се спротивстави на овие антидржавни политики“, заклучи Кузеска.


