Утрински Весник
Македонија

Кузеска: Треба ли да станеме јужноамериканско гето за Тошковски да поднесе оставка?

Pres bogdanka kuzeska.jpeg

Се случува вистински хорор со безбедносната состојба. Бараме итно расчистување на случајот, но очигледно е дека Тошковски целосно ја изгуби контролата над безбедносната состојба во државата. Ова што се случува веќе е крајно загрижувачки, сведоци сме на секојдневно пукање, палење возила, напади на службени лица.

Криминалот и бандите се чувствуваат заштитено и безбедно со оваа власт и тоа е директна последица на неспособноста на Тошковски, но и толерирањето на криминалците. Тошковски мора да си оди од позицијата министер пред државата целосно да се препушти во владение на бандите по улиците.


Полека, но сигурно ни се случува да се претвараме во јужноамериканско гето каде полицијата буквално нема контрола над одредени делови од земјата. Мицковски вели дека мајките можеле мирно да спијат, Тошковски вели дека безбедноста е подобрена, ова се лаги кои граѓаните со потсмев, но и со страв ги дочекуваат. Потребно е да се сфати од страна на власта дека со безбедноста нема играње и таа не смее да биде предмет на нивниот дневен ПР.

Можете да прочитате

Средба Николоски- Нупнау: Македонија е силно посветена на изградба и модернизација на транспортните коридори

Советот на Европа бележи раст на пренатрупаноста во европските затвори: Македонија со „умерена пренатрупаност“ 

СДСМ денеска ќе објави нови кандидати за градоначалници, Трајковски за Кисела Вода, Костадинов за нов мандат во Валандово