Утрински Весник
Македонија

Кузеска: Мицкоски не учествува во ниту една државна одлука, треба да понесе одговорност

(Видео) Кузеска: Законот е јасен, Николовски намерно спинува за коридорите

Дозволете ми да нотирам дека Христијан Мицкоски, деградира, навредува, омаловажува професори којшто ќе учествуваат во таа работна група, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес конференција осврнувајќи се на  работната група за уставни измени.

dobivaj vesti na viber

-Но јас би ја тргнала таа кривична одговорност која што е безпредметна значи токму кривичната одговорност за која што зборува Мицкоски е безпредметна и би скала да прашам кога конечно Христијан Мицкоски ќе понесе морална одговорност затоа што не учествува во ниту еден процес кој ја носи државата напред. Не учествуваа и не аплаудираа и не го поздравија членството на земјата во НАТО. Гледавме како воопшто не гласаа за европскиот предлог со којшто ги отпочнавме преговорите за членство во ЕУ, рече таа.

Прашањето е кога Христијан Мицкоски пред да зборува за било каква одговорност ќе понесе тој морална одговорност што никако не учествува во реализација на стратешките цели којшто и се потребни на државата за напредок и на граѓаните којшто живеат во неа, додаде Кузеска.

 

Можете да прочитате

МНТ со наградуваната претстава „Народен Пратеник“ гостува во Велес и Пожаревац

Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

Денеска протестен марш за полагање правосуден испит на албански јазик