Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кузеска: ДПМНЕ да ги врати парите проневерени од ИПАРД

Кузеска: ДПМНЕ да ги врати парите проневерени од ИПАРД
300x250 opst2

Секојдневно на виделина излегуваат потврди дека ДПМНЕ не е ништо освен криминална партија која дејствува на штета на граѓаните и на државата, рече на денешната прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) отвори случај за проект од 2015 година, вреден 660 000 евра, за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и дека во тој случај нотирани се низа неправилности, а на државата ОЛАФ и препорачала да ги врати парите.

Кузеска нагласи дека во тој период Владата е предводена од ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски, а меѓу неговите советници бил и денешниот шеф на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

Можете да прочитате

Кривични пријави за две сопственички на старски домови – давале храна со поминат рок и ги малтретирале згрижените лица

Уапсени двајца скопјани – запалиле три возила во Аеродром

Кога новинарската анализа станува средство за политички напад