Бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо, поради повреда, ќе го пропушти претстојниот Мундијал во Катар. Кутињо се повредил на тренингот на Астон Вила.
Според првите прогнози, Кутињо ќе отсуствува најмалку шест недели, па нема да се најде на списокот од 26 играчи што ќе го објави селекторот на Бразил Тите.
И покрај лошата форма, во која се наоѓа од почетокот на сезоната, Кутињо е еден од фудбалерите во кои бразилскиот селектор има голема доверба и според медиумите тој требаше да да биде во авионот за катар.
Бразил на СП ќе игра во Г-групата со Камерун, Швајцарија и Србија. Мундијалот, Бразилците ќе го отворат на 24.ноември против Србија.