Утрински Весник
Балкан

Курти: Косово во политичките и деловните вредности е во согласност со САД и Британија

Picture 1378 660x438 1.jpg

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Лондон изјави дека Косово е посветено на редот, законот и борбата против корупцијата – во согласност со вредностите на САД и Велика Британија. На инвестицискиот самит на западнобалканската шесторка, што се одржува во рамки на Самитот во Лондон, Курти рече дека „Косово по политичките и деловните вредности е во согласност со САД и Велика Британија, особено по руската агресија во Украина“. Тој го спомена напредокот во економскиот развој и институционалната стабилност, што, според него, помогнало во борбата против безбедносните ризици. „Косово го предводи Западен Балкан во однос на проектите 2024-2025 година, исто така имаме и напредок во законот и редот и напредок во политичките и граѓанските права и изборната демократија. Ова го позиционира Косово во поволна ситуација на глобалната мапа. Имаме работна сила. просечната возраст на косовските граѓани е 31 година“, рече тој. Тој додаде дека Косово има отворена пазарна економија која создава добра деловна средина.

Можете да прочитате

Ердоган објави нов финансиски пакет вреден речиси две милијарда евра за поддршка на производствениот сектор на Турција

Бомба фрлена во домот на Здравко Чолиќ

МНР на Србија: Загриженост поради симболите и пораките во Хрватска