Утрински Весник
Балкан

Курти и возврати на Брнабиќ: Мојата земја е Косово, а не Косово и Метохија

2151569 erh6sm1xyayzsh ls.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Косовскиот премиер Албин Курти денеска реагираше на настапот на српската премиерка во оставка Ана Брнабиќ на Инвестицискиот самит за Западен Балкан, наведувајќи дека „неговата земја се вика Косово, а не Косово и Метохија“, пренесува „Reporteri.net“. – Србија се менува, а кога велам централна Србија, вторпат го користам овој термин, мислам дека Србија не ја вклучува статистиката за АП Косово и Метохија, која секако ја гледаме како дел од Србија. Тоа е политика, а сега зборуваме за економија – изјави Ана Брнабиќ на самитот во Лондон. На таа изјава на Брнабиќ реагираше Курти и додаде дека неговата земја се вика Република Косово. Според неговите зборови, тогаш можел да зборува за Србија – централна Србија, Војводина, Топлица, Рашка или Прешевската долина.

Можете да прочитате

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест

 Бугарија ги претстави своите монети на Еврото

„Можеме!“ бара вонредна седница поради фемициди во Хрватска