Утрински Весник
Балкан

Курти: Ги очекуваме шведските војници во Косово за да ја штитат границата од српска агресија

D0bad183d180d182d0b8 D0bed0bfd182d0b8d0bcd0b8d181d182 D181d183d0bc D0b4d0b5d0bad0b0 D0b7d0b0 D0bdd0b5d0bad0bed0bbd0bad183 D0bcd0b5d181 63ca6f86bf8aa.jpeg

Косовскиот премиер Албин Курти и честиташе на Шведска за нејзиното зачленување во НАТО, порачувајќи дека „силно НАТО значи побезбедна Европа“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти на социјалната мрежа Х напиша дека членството на шведската држава во НАТО го гледа како голема шанса за мир по руската агресија во Украина и дека очекува Шведска да му помогне на Косово во заштитата на границата од српската агресија.

– Посилно НАТО значи побезбедна Европа и поголема шанса за мир по бруталната руска инвазија на Украина. Се надеваме дека наскоро ќе ги пречекаме новите шведски војници во КФОР за да му помогнат на Косово да ја одбрани својата граница од српската агресија, напиша Курти.

Честитки до Шведска упатија и претседателката на Косово, Вјоса Османи и министерката за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервала, како и поранешниот премиер, Рамуш Харадинај.

Шведска вчера официјално стана 32-та земја која се приклучи на НАТО Алијансата.

Можете да прочитате

Српската актерка Слобода претепана – пренесена во Ургентен центар во Белград

Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода

Масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил