Утрински Весник
Свет

Курти бара Србија веднаш да ги ослободи полицајците, тврди дека се работи за киднапирање поради одмазда

Курти бара Србија веднаш да ги ослободи полицајците, тврди дека се работи за киднапирање поради одмазда
Dik 300x250 mk

Косовскиот премиер Аљбин Курти бара Србија да ослободи тројца припадници на косовската полиција, наведувајќи во објава на „Фејсбук“ дека ова е одмазда на Србија за вчерашното апсење на Милун Миленковиќ.

dobivaj vesti na viber

Курти тврди дека припадниците на косовската полиција биле киднапирани, пренесува Косово онлајн, наспроти Србија која пак објави дека ги уапсиле поради упад на српска територија, вооружени и со мапи.

„Тројца косовски полицајци се киднапирани денеска во Лепосавиќ на местото каде што порано постоеше илегален пат за криумчарење, кој се наоѓа на околу 300 метри во внатрешноста на територијата на нашата држава. Се сомневаме дека се киднапирани од српската војска, тоа е очигледно српска одмазда за вчерашното апсење на озлогласениот криминалец Милун Миленковиќ – Лунт, кој застапува еден од водачите на организираниот криминал и шверцот“, напиша Курти на Фејсбук.

Курти побара итно ослободување на полицајците и ја повика меѓународната заедница да ја осуди оваа акција на Србија.

„Влегувањето на српските сили на територијата на Косово е агресија и цел на ескалација и дестабилизација. Бараме итно ослободување на тројцата киднапирани полицајци и ги повикуваме меѓународните фактори да го осудат овој чин на српска агресија “рече Кути.

Претходно и министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља преку објава на Фејсбук објави дека Србија киднапирала тројца полицајци.

„Додека кај нас се спроведува редот и законот, криминалната Србија влезе на територијата на Косово и киднапираше тројца полицајци на Република Косово, кршејќи го секој договор и спротивно на секое начело на меѓународните норми. Без никакво сомневање, нашите полициски службеници се стационирани длабоко на територијата на Република Косово, на статичен пункт и ги извршуваат своите редовни задачи“ изјави Свечља.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно