Утрински Весник
Свет

Курц помина со осум месеци условна казна за давањето лажни изјави

Screenshot 2024 02 23 231325.png

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц е осуден осум месеци условно поради давање на лажни изјави во парламентарната истрага за наводна корупција во неговата прва влада. Пресудата на судот во Виена доаѓа по четиримесечно судење. Курц е првиот поранешен канцелар на кого му се судеше во Австрија во последните три децении. Тој сведочеше во рамки на истрагата за владата на чие чело беше од 2017 година до 2019 година. Во јуни во 2020 година, Курц беше обвинет за давање на лажни изјави за својата улога при основање на холдинг компанија која извршуваше одредени јавни работи, како и за именување на поранешниот близок соработник Томас Шмид во нејзиното раководство. Курц, некогаш ѕвезда во подем помеѓу конзервативците во Европа, поднесе оставка во 2021 година по отворањето на посебна истрага за корупција и оттогаш ја напушти политиката. За австриски канцелар беше избран во 2017 година, на возраст од 31 година.

Можете да прочитате

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет