Утрински Весник
Македонија

Кумановец и малолетничка од Скопје фатени при обид да украдат автомобил

Кумановец и малолетничка од Скопје фатени при обид да украдат автомобил

На 30.08.2022 во 04.25 часот на ул.„1511“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги лишиле од слобода Д.К.(32) од с. Шупљи камен, Кумановско и малолетничка од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Тие биле затекнати при обид да одземат патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки.

Во близина на возилото бил пронајден предмет кој потекнува од друго кривично дело, а при преглед кај нив, кај малолетничката била пронајдена и одземена прашкаста материја.

Лицата биле приведени во полициска станица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Камерите почнуваат да снимаат и возачи, а нови патролни возила ќе го детектираат хаосот од паркирање во Скопје

Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје 

Миноски: Инфлацијата не ја создаваат граѓаните, туку прекумерната државна потрошувачка