Роналд Куман не може да се помири со начинот на кој си замина од Барселона. Холанѓанецот, во октомври 2021 година доби отказ, откако неколку месеци претходно Лионел Меси го напушти клубот.
Куман, во едно интервју, посочи дека претседателот Лапорта го лажел во врска со договорот на Меси. Му ветил дека Аргетнинецот ќе остане, а веќе наредниот ден тој замина од Барселона.
„Не можел да одам на кафе со Џоан Лапорта. Некои работи останаа во минатото и мораме да гледаме во иднината. Разочаран сум од тоа што ми го направи, но мораме да продолжиме понатаму. Си отидов по својот пат. Барселона тргна по својот со Чави“, рече тој. Куман продолжи.
„Не сакам да зборувам за начинот на кој го напуштив клубот. Го кажав тоа што имав да го кажам. Имам впечаток дека Чави е идеалниот тренер за Барселона, тимот напредуваше со него и стана уште посилен. Барса е неговиот дом и ако успее да ја освои титулата во лигата, сосема е логично да го продолжи договорот“.
Куман успеа да го освои Копа дел Реј во 2021 година со Барселона, но по лошиот старт во новата сезона, Лапорта го отпушти по поразот на гости кај Рајо Ваљекано. Наводно тоа го направил во авион додека тимот се враќал од Мадрид во Барселона.