Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Кулеба: Ние сме за одржување на мировен самит до крајот на февруари

Кулеба: На 17 адреси на украинските амбасади се испратени бомби и делови од животни
Img 7972

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба изјави денеска во врска со војната со Русија дека владата на неговата земја би сакала да се организира мировен самит до крајот на февруари 2023 година, по можност под покровителство на Обединетите нации и со генералниот секретар на светската организација Антонио Гутереш како можен посредник.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека дипломатијата ќе одигра важна улога во завршувањето на конфликтот во Украина.

„Секоја војна завршува како резултат на акциите преземени на бојното поле и на преговарачката маса“, рече тој.

На прашањето дали ќе ја покани Русија на тој самит, Кулеба рече дека земјата прво треба да седне на обвинителна клупа за воени злосторства пред некој меѓународен суд, на пример.

Рускиот претседател, Владимир Путин, во последните денови тврдеше дека е подготвен да преговара, но дека Украина не сака да разговара. Кулеба вели дека Русите редовно кажуваат дека се подготвени за преговори, што не е точно, бидејќи, како што вели, се што прават на боиштето го докажува спротивното.

Можете да прочитате

За 24 часа Израел изврши 93 напади врз Појасот Газа, најмалку 70 загинати

Грета Тунберг „влечена по земја“ и „принудена да го бакне израелското знаме“ – сведоштва на активисти по акцијата во Газа

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје