Утрински Весник
Свет

Кулеба ја повика Русија да престане да игра игри со глад: „Цените на житото ширум светот ќе пораснат“

Кулеба ја повика Русија да престане да игра игри со глад: „Цените на житото ширум светот ќе пораснат“

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека првата последица од руското необновување на договорот за жито ќе биде зголемување на цените на житото ширум светот. Тој ја повика Русија да престане да игра „игри со глад“ со луѓето ширум светот.

dobivaj vesti na viber

„Треба да знаете еден број. Минатата година, кога беше воведена Црноморската иницијатива за жито, светските цени на житото паднаа за 20 отсто. Значи, сегашниот исход од непродолжување на договорот ќе значи дека цените на житото ќе се зголемат низ целиот свет – изјави Кулеба за „Си-би-ес“.

Тој додаде дека тоа ќе го почувствуваат и луѓето во најранливите региони на Азија и Африка и дека „тоа ќе биде резултат на акциите на Русија“.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште две села во источна Украина

Двајца рудари загинаа по уривање на тунел во шпански рудник

Канада: Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште