Пензионер бил нападнат на кејот на реката Вардар од две кучиња со сопственик, соопшти полицијата.
„Вчера околу 11.30 часот на улицата Франце Прешерн во Скопје, на кејот на реката Вардар, две кучиња од расата Пит бул, со сопственик го нападнале Б.С.(77) од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди“, се наведува во полициската објава.
Во станица бил извршен разговор со сопственикот, а кучињата биле одземени и предадени во ЈП “Лајка”.
По целосно документирање на случајот , во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.