Несекојдневен прекин имаше натпреварот од КОНКАКАФ Лигата на шампионите меѓу Алијанца од Салвадор и американскиот клуб Филаделфија Унион. Во 68. минута, куче втрча на теренот и ја гризна топката. Интересниот момент можете да го видите на следниот линк.
Натпреварот заврши без голови (0:0), а американските медиуми истакнуваат дека и на кучето му здодеало да гледа меч без шанси и без голови. Реваншот се игра следниот вторник.
Победникот од натпреварувањето ќе се квалификува за Светското клупско првенство на крајот на годината во Саудиска Арабија.