Утрински Весник
Магазин

Куба Гудинг Јуниор постигна спогодба со жената што го обвини за силување

Куба Гудинг Јуниор постигна спогодба со жената што го обвини за силување

Оскаровецот Куба Гудинг Џуниор се спогоди со неименувата жена, која го обвини дека ја силувал во хотелска соба во Њујорк во 2013 година.

dobivaj vesti na viber

Спогодбата се случи токму пред да започне изборот на порота за граѓанско судење на кое се очекуваа штетни сведочења против него.

Куба Гудинг (55) е дециден дека сите интеракции со споменатата жена биле со нејзина согласност.

Условите на спогодбата не се откриени.

Актерот и претходно во неколку наврати беше обвинуван од десетици жени, за наводно пипкање и несакано допирање. Минатата година тој се изјасни за виновен за бакнување жена без нејзина согласност.

А со оваа спогодба, актерот избегна судење во кое требаше да бидат вклучени и сведочења на уште три жени, наводни жртви на сексуална злоупотреба од страна на актерот во периодот од 2009 до 2019 година.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста