Утрински Весник
Економија

КСС склучува историски договори, ССМ се фокусира на политички амбиции вели Стојаноски

Screenshot 1 23 696x395 1.jpg

Во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, пратеникот Бојан Стојаноски упати остри критики до раководството на Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ), обвинувајќи ги дека водат политика наместо вистинска синдикална борба.

Стојаноски направи јасна дистинкција меѓу резултатите на различните синдикални организации, посочувајќи дека додека ССМ, предводен од Слободан Трендафилов, се фокусира на јавни препукувања и, како што рече, нереални барања, други синдикати веќе обезбедиле конкретни зголемувања на платите за своите членови.


Според него, Конфедерација на слободни синдикати (КСС) во изминатите две години склучила осум или девет колективни договори во секторите здравство, образование, полиција и судство, со кои платите биле зголемени од 20 до 40 проценти.

„Трендафилов и неговата клика не водат мудра политика. Се плашам дека ССМ ќе почне да слабее со членството, бидејќи работниците гледаат дека едни склучуваат историски договори, а други само критикуваат и бркаат политички амбиции,“ изјави Стојаноски.

Тој потсети дека барањето за зголемување од 2.806 денари, кое своевремено беше причина за протести, денес е целосно реализирано од страна на новата власт.

Осврнувајќи се на измените на законите за платите на функционерите, Стојаноски појасни дека станува збор за системско решение кое треба да го спречи автоматското покачување врз основа на порастот на просечната плата.

„Ако не ги сменевме овие шест закони сега во февруари, функционерите ќе добиеја повисоки плати за уште 10 до 15 илјади денари поради порастот на просечната плата. Ова е единствениот уставен начин да ги спречиме нереално високите плати кај функционерите. Секој друг модел е ризичен и може повторно да биде поништен,“ појасни тој.

Можете да прочитате

Миноски за 4TV.mk: Намалувањето на царините е позитивно, но клучно е колку економијата е подготвена

Миноски: Зголемување на минималната плата на 600 евра ќе опфати 230.000 работници и ќе донесе 300 милиони евра во буџетот

Стојаноски најави драстични казни и затворање на маркети кои профитираат преку „картелско здружување“