Утрински Весник
Балкан

Крокодил живее во каллив канал покрај згради во Софија – властите немоќни

Kroki Sofija.jpg

Крокодилот – наречен Кроки – се наоѓа во каллива локва под церада во близина на станбени блокови во североисточниот кварт на главниот град Софија – Ботунец – и бил откриен од инспекторите кои ја проверуваат нелегалната сеча, пишува Политико.

Обидите да се отстрани Кроки, сепак, оваа недела се претворија во фарса.

Локална претседателка на општината Лилија Донкова се пожали дека уште од минатиот месец барала акција од еколошките и ветеринарните служби, но не добила одговор.

“Немам зборови. Имам чувство дека во оваа држава едноставно нема државни институции“, вели Донкова во интервју за бугарската станица НОВА.

Сепак, се покажа дека е тешко да се згрижи крокодилот поради бизарни административни причини. Човекот кој тврди дека е негов сопственик рече дека има точна документација и додаде дека Кроки се користел за циркуски претстави. Тој исто така понудил уверување дека неговото животно не каснало никого.

Надлежните очигледно не се подготвени за овој случај и покрај инсистирањето на стручњаците за животни Кроки да биде префрлен во средина која е попогодна за регулирање на неговата телесна температура, затоа што бугарските лета се топли, зимите се студени и снежни.

Меѓутоа, работата доби уште понадреален пресврт во средата, кога вториот обид за отстранување на крокодилот не успеа, а наводниот сопственик изјави за бугарската телевизија дека го купил животното легално во пристаништето Бургас на Црното Море.

Можеби контрадикторно, кога беше притиснат за сопственоста, тој исто така рече: “Тоа е крокодилот на мајка ми!”

Телевизијата прикажа големи толпи локални жители и полиција на местото на настанот во вторникот, но и покрај зголемениот интерес, Кроки ја вечерта во својата каллива локва.

Донкова ги осуди неуспешните напори на бугарските власти за безбедност на храна и заштита на животната средина и вети дека ќе го рестартира обидот за преместување на Кроки во среда.

Акцијата продолжи и денеска, а Кроки конечно беше извлечен од езерцето.

„Не најсреќно, но добро се заврши! И покрај противењето на голем број институции, кои не беа расположени да ја завршат својата работа, која е пропишана со закон! И покрај навредите, бидејќи како претседател на општината цело време бев на терен… И покрај сите обиди белото да се прикаже како црно… и обратно! Крокодилот е во Зоолошката градина каде што припаѓа на нашите простори. Благодарност до сите што помогнаа во последните неколку дена! Бидете здрави!“, порача Донкова на Фејсбук.

Можете да прочитате

Намален јавниот долг на Албанија, бележи најниско ниво во изминатите10 години

Турција го блокира пристапот до дигиталната платформа Roblox

Силен ветер го зафати Задар, десет Словенци се спасени од едрилица