Утрински Весник
Македонија

Кризниот штаб на Општина Штип утре ќе заседава поради состојбата со пожарите на Серта

Pozar Lozovo 2.jpg

Горат неколку локации во штипскиот дел на планината Серта, а огнот повторно е распламтен над селото Драгоево кон воениот полигон Пенуш, вели за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Со цел да се справат со огнената стихија, вели Јорданов, на терен се излезени пожарникарите, како и сите надлежни институции. Во огнената стихија опожарени се дабова, борова шума, грмушки и трева, но како што рече, нема опасност за селата Селце и Драгоево.

Тој посочува дека на терен се пожарникарите и сите институции со цел да се справат со оваа огнена стихија во која се опожарени дабова, борова шума, грмушки и трева. Нема опасност од пожарот за селата Селце и Драгоево.

Штипскиот градоначалник најави дека утре рано наутро состанок ќе има и Кризниот штаб на Општина Штип, на кој ќе се разгледува состојбата со пожарите и во штипскиот дел на планината Серта.

Центарот за управување со кризи, претходно, преку вонредна информација од Регионалниот Центар за управување со кризи (РЦУК) – Штип информираше дека пожарот Селце – Драгоево (Хаџи Реџепли), на кракот Селце-шоуба (АБХО полигон) или познат како Пенуш, со зголемување на температурите и појава на ветар дојде до разгорување на истата и префрлување на трасата на гасоводот.

– На еден дел беше сопрен од страна на ТПППЕ-Штип мегу тоа на друг дел има префрлено прекун трасата и се слуша пукање на муниција. Поради загрозеност на безбедноста на екипите од пукање на муниција и густ чад истите се повлечени на безбедно растојание. Доколку се во можност ке продолжаат со гаснењето на пожарот – се вели во соопштението на ЦУК.

Од страна на градоначалникот на Општина Штип е побарано дополнителна поддршка со градежна механизација за правење пресеци.

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње