Утрински Весник
Македонија

Кривични за тројца албански државјани, илегално влегле во македонска територија и вршеле незаконит риболов

648498045 1226905906286601 2203091175631570757 n.jpg

Во периодот од 06. до 08.03.2026 година, во две одделни акциски контроли, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро од слобода ги лишија Ј.Ц.(53), Е.Б.(50) и А.Ш.(21), сите од Република Албанија. Тие, откако со пловни објекти, илегално ја преминале македонско-албанската државна езерска граница, од полициската патрола се затекнати во македонските територијални води при вршење на кривично дело „незаконит риболов“, по што, по наредба на јавен обвинител, одземени им се пловните објекти, рибарските мрежи со уловот.

По целосно документирање на случаите, против овие лица се поднесени пријави по член 229 од Кривичниот законик – „незаконит риболов“ и по член 9 од Законот за гранична контрола – „илегално преминување на државната граница.


Можете да прочитате

(Фото) Тешка сообраќајна несреќа утрово во Ново Лисиче

Николоски: Стратешкото партнерство со САД ја гарантираат стабилноста и економскиот просперитет на Македoнија  

За пет часа 37 санкции во акциска контрола на Мобилната единица