Утрински Весник
Македонија

Кривични против двајца скопјани, со фалсификувани возачки работеле во Белгија

Кривични против двајца скопјани, со фалсификувани возачки работеле во Белгија

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривични пријави против 45-годишниот И.И. и против 33-годишниот Д.Ш., и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа”, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Имено, И.И. набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување со моторни возила од категориите ,,А”, „В”, „F”, „G” и ,,M”, додека Д.Ш. набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување со моторни возила од категориите „В”, „F”, „G” и ,,M” и ја употребиле при управување возила во Кралството Белгија, соопшти МВР.

Поради сторени сообраќајни прекршоци во Белгија, на двете лица им биле одземени дозволите и доставени до надлежните служби во државата, по што било утврдено дека се фалсификувани.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!