Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кривични пријави за вработени во Општина Радовиш

Кривични пријави за вработени во Општина Радовиш
Img 7972

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Г.К.(65), К.С.(66), Р.С.(53) и С.П.(37), сите од Радовиш, поради постоење на сомнение дека Г.К., К.С. и Р.С сториле кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ по член 275-в од Кривичниот закон, а С.П. поради тоа што со своето стручно знаење им помогнал, со што и самиот сторил кривично дело по член 24, а во врска со член 275-в став 3 од Кривичниот закон.

dobivaj vesti na viber

Осомничените Г.К., К.С. и Р.С., како вработени во Општина Радовиш во 2020 година презеле дејствија во рамки на нивните надлежности, по што бил склучен договор базиран на невистинита документација за воспоставување на јавно-приватно партнерство за реконструкција на јавното осветлување во општина Радовиш, преку воведување мерки за енергетска ефикасност, а С.П., како надворешно лице, со стручни совети им помогнал во манипулирање на податоците во физибилити студијата, изготвена за тој договор.

Врз основа на вака склучениот договор Општина Радовиш е обврзана за осум години да исплати сума во износ од 104.667.215 денари (без ДДВ).

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места