Утрински Весник
Македонија

Кривична за охриѓанец, украл марихуана од фабрика за медицински канабис во која бил вработен

Marihuana 1.jpg

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Л.(60) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик и  по член 95 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Тој, претходно, вработен како инженер – агроном во фабрика за одгледување на медицински канабис во Ново село, општина Дебрца, неовластено изнел од фабриката марихуана и ја чувал во неговото престојувалиште во Охрид со цел нејзино користење и натамошна продажба.

При претрес во просториите, извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана, по што тој е лишен од слобода.

Можете да прочитате

Сопственик на угостителски објект во Куманово уценуван од поранешна вработена со помош на друго лице

Државниот архив одбележува 75 години од основањето

Уапсени две лица поради бегство од затвор, претходно осудени поради „тешка кражба“