Утрински Весник
Македонија

Кривична за Косовци кои краделе паричници и ваделе пари од банкомати во Кочани

Кривична за Косовци кои краделе паричници и ваделе пари од банкомати во Кочани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.А.(54) и С.С.(63), двајцата од Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

dobivaj vesti na viber

Во текот на мај и јули 2022 година, пријавените на Градскиот пазар во Кочани одзеле паричници на две лица во кои имало пари, платежни и кредитни картички и лични документи, по што во повеќе наврати од банкомати на две банки извадиле парични средства, соопшти МВР.

Можете да прочитате

Вечерва девојка падна од зграда во Тетово

(ВИДЕО) Репортажа од која срцето ќе ви заплаче

Сиљановска-Давкова: Научените лекции од Кочани ги претвораме во системски мерки