Утрински Весник
Македонија

Кривична за измамници од Бугарија, мамеле повозрасни жители од Охрид

Кривична за измамници од Бугарија, мамеле повозрасни жители од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.И.(51) и Г.М.(56), двајцата од Благоевград, Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторено 21 кривично дело „измама“.

dobivaj vesti na viber

Пријавените, во периодот од 17.08.2022 до 10.09.2022, телефонски им се јавувале на повеќе повозрасни лица од Охрид и лажно претставувајќи им се, ги известувале дека блиски членови на нивните семејства биле тешко повредени во сообраќајни несреќи.

Притоа, доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им ветувале дека за одредена сума пари можеле да им помогнат за нивно ослободување од кривична одговорност.

На овој начин, пријавените предизвикале вознемиреност кај оштетените граѓани, а во три случаи од оштетените добиле пари со што се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 1.077.320 денари.

Можете да прочитате

Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пат ќе порасне потреба од електрична енергија, Македонија нема да биде нем набљудувач на тие процеси

Труења кучиња во Неготино, загриженост изрази и градоначалничката

МВР го пронајде возачот кој леташе со 293 км/ч на автопатот Скопје–Гевгелија