Утрински Весник
Македонија

Кривична за две лица, преку лажни натпревари и фиктивни играчи ја довеле во заблуда ФФМ

Futbal.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.М.(47) и Н.Ц.(39), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „измама”.

Првопријавениот, во својство на претседател, а второпријавениот во својство на секретар на Општински фудбалски сојуз Охрид, искористувајќи ја својата положба во сојузот и пристапот во системот на Фудбалската федерација на Македонија, во текот на 2024 година во повеќе наврати креирале записници за одиграни натпревари во кои внесувале невистинити податоци за лица фудбалски судии и играчи како учесници во фудбалски натпревари кои наводно се одиграле во регионалната Б лига во рамките на Општински фудбалски сојуз Охрид.

Потоа, изготвувале записници со лажни и непотполни податоци и ги внесувале во системот на Фудбалската федерација на Македонија, со што ја довеле во заблуда, лажно прикажувајќи дека Општинскиот фудбалски сојуз Охрид организирал натпреварување во општинска Б лига со осум екипи како  учесници.

Можете да прочитате

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Лишено од слобода лице кое поседувало пиротехнички средства во Неготина

Две сложени микрохируршки операции беа извршени на клиниката за пластична и реконструктивна хирургија