Утрински Весник
Македонија

Kривична против Агенција за обезбедување и нејзиниот сопственик, не ангажирале доволно лиценцирани лица

Ohrid.webp.webp

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје и И.С.(57) од Скопје, сопственик и управител на агенцијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство”.

И.С., со неизвршување на обврските по склучување на договорот со Управата за заштита на културното наследство, не ги исполнил техничките услови предвидени во договорот, односно ангажирал помал број на вработени лица и покрај тоа што еден од основните услови за квалитетно извршување на договорот е економскиот оператор да има вработено или ангажирано минимум 10 лица за физичко обезбедување кои имаат лиценца и легитимации и да има вработено или ангажирано минимум пет лица за техничко обезбедување кои имаат лиценца за техничко обезбедување.


Можете да прочитате

Над 16 000 македонски државјани заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие

Во Нов Дојран пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна

Приведени 10 возачи, четворица без дозвола, еден во спротивна насока, еден со активна забрана