Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за тероризам против тетовец за лажна пријава за поставена бомба

Кривична пријава за тероризам против тетовец за лажна пријава за поставена бомба

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 27.12.2022 до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(63) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тероризам“, предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

На 17.12.2022 од својот мобилен телефон, пријавениот С.Ѓ. се јавил во ОВР Делчево, при што лажно се претставил и пријавил дека на повеќе локации во градот има поставено бомби.

Полициски службеници извршиле преглед на посочените објекти, при што не биле пронајдени сомнителни предмети.

По преземени мерки и активности, на 22.12.2022 С.Ѓ. бил лишен од слобода и во Полициската станица Тетово со него бил извршен службен разговор, по што му бил одземен телефонот и две СИМ картици.

Можете да прочитате

Стокомак објави колкав К-15 ќе исплати годинава – Го надмина и КАМ маркет

Во септември обвинение за полициските службеници осомничени за пожарот во „Пулс“, најавува Коцевски

АХВ воведе мерки за заштита од болеста чума кај малите преживари и за Косово