Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за полицајка од Штип, го информирала брат и дека полицијата ќе демне со дронови

Dron.jpg

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.М., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна” по член 360 од Кривичниот законик.

Пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделение за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 10.07.2025 остварила телефонска комуникација со едно лице на телефонскиот број кој го користи нејзиниот брат и му соопштила дека ќе бидат преземени службени полициски дејствија за извидување со дрон, кои претставуваат службена тајна и биле предвидени и преземени по оперативна акција.

Со ваквото дејствие, кое може да има штетни последици за службата, пријавената го сторила кривичното дело „оддавање службена тајна”.

Одделот за внатрешна контрола против В.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Можете да прочитате

Сослушани сведоци на судењето за случајот „Онкологија“

Филипче: Илјада токсични наслови – докази за организиран линч врз мене и СДСМ

Кавадарчанка измамена преку СМС, за лажен прекршок и наплатиле близу 500 евра