Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кривична пријава за Лорета Георгиева, не пријавила стан во Скопје и земала патни трошоци

Sudski Sovet 1.jpg
Img 7972

Поранешната членка на Судскиот совет, Лорета Георгиева (57) од Струмица доби кривична пријава за сторено кривично дело – измама во службата, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Таа се сомничи дека во периодот од август 2022 година до јануари 2024 година, а со намера да прибави противправна имотна корист, не пријавила промена на имотна состојба на членовите на нејзиното потесно семејство.

Иако нејзината ќерка во 2022 година се стекнала со стан во Скопје, таа навремено не го известила претседателот на Судскиот совет дека нема да користи патни трошоци за патување на релација од Струмица, како место на живеење, до Скопје, како место на извршување на работата и обратно.


„Со тоа, го довела во заблуда Судскиот совет да и исплаќа надоместок на трошоци за превоз согласно точка 4 од Одлуката за начинот на остварување на правата на судиите утврдени во Законот за платите на судиите, а донесена од страна на Судски буџетски совет, согласно Законот за платите на членовите на Судскиот совет“,се вели во соопштението од МВР.

Во наведениот период во вкупно 15 наврати и биле исплатени пари како надомест за патни трошоци во вкупен износ од 291.040 денари, за кој поранешната членка на Судскиот совет се стекнала со противправна имотна корист, а на штета на буџетот на Судскиот совет на РСМ.

Инаку, пријавената Л.Г. во својство на судија од Основен суд Струмица во 2018 година е избрана за член на Судскиот совет, од редот на судии од апелационото подрачје Штип, при што Законот за платите на членовите на Судскиот совет, членот на Советот има право на надомест на трошоци за превоз во висина од вистинските трошоци за јавен сообраќај.

Согласно на тоа, таа поднела барање, кон кое ја доставила одлуката за избор за судија и изјава заверена на нотар дека таа или член од нејзиното потесно семејство немаат стан или куќа во нивна сопственост во местото каде ја извршува функцијата. На Георгиева и истече мандатот како член на Судскиот совет во декември 2024 година.

Можете да прочитате

Мицкоски: Карбинци мора да добие населба за млади брачни парови, едно евро квадрат, мора да работиме на демографијата

Касами: Тетово го најдов рушено – денеска поради мене има нов лик

Кочанчанец се заканувал на адвокати – кривично ќе одговара