Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за екс градоначалникот на општина Чашка

Za opstinata.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

СВР Велес поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Велес, и М.А., раководител на финансиското одделение во општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.

Првопријавениот Г.С., поранешен градоначалник на општина Чашка, во текот на 2021 и 2022 година во повеќе наврати свесно и со умисла ја ангажирал второпријавената да извршува работни задачи подолго од нејзиното работно време, иако работела со скратено работно време и согласно Законот за работни односи забрането е вршење на прекувремена работа за лице кое работи со скратено работно време.

Второпријавената М.А., раководител на финансиското одделение во општина Чашка, и покрај известувањето од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и Решението за скратено работно време од четири часа поради здравствени причини, прифатила да биде ангажирана, за што и биле исплатени парични средства во износ од 50.109 денари на штета на буџетот на општина Чашка.  

Можете да прочитате

АХВ: Уништени над 624 килограми небезбедна храна пред празниците

Државата ќе набави пет нови локомотиви за 21 милион евра

ДПИ: Во декември времено затворени 26 угостителски објекти