Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за директорот на ЈП Охридски Комуналец близок соработник на градоначалникот Пецаков

Gio 17cwyaavmi9.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

В.Д. директорот на ЈП Охридски Комуналец Саше Најдески, доби кривична пријава заради злоупотреба на служебната положба и овластување.

Тој и уште три лица како членови на комисијата за јавни набавки ги злоупотребиле и пречекориле дадените службени овластувања и го оштетиле јавното претпријатие Охридски комуналец за сума од 3.304.000,00 денари или над 50.000 евра.

Четирите лица иако знаеле дека цената на единствената понуда за набавка на булдожер е пет пати повисока од пазарната вредност, на 17.01.2024 година склучиле Договор за набавка со правното лице НЕФИ ИК ДООЕЛ Охрид со што за околу 54.000 евра го оштетиле буџетот на ЈП Охридски Комуналец.

Инаку директорот на Комуналец се појавува на фотографии заедно со Христијан Мицкоски, а важи и за близок соработник на градоначалникот на Охрид Пецаков.

За овој случај утрово реагираше и владејачката партија СДСМ која во писмено соопштение објави дека во ВМРО-ДПМНЕ немало никаква промена.

„Охридски комуналец неодамна набави препарат на база на алги за 24.000 евра од фирма, чиј сопственик е донатор на ДПМНЕ. Во ДПМНЕ нема никаква промена. ДПМНЕ беше и останува симбол на криминал и корупција, злоупотреби на парите на граѓаните“ велат од СДСМ.

Можете да прочитате

Како за 24 часа градот стана 7-ми најзагаден во светот?

Семејствата од Кочани со потресна порака до Швајцарија: „Ја носиме истата рана“

Министерството за здравство подготвено да обезбеди медицинска помош за повредените од пожарот во Кран-Монтана