Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за 14годишник за пожарот кај Расадник

Whatsapp Image 2024 09 03 At 16.42.40 32c58e95 1.jpg

На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, предвидено и казниво по член 288 од КЗ. Имено, пријавениот, заедно со уште две деца кои не наполниле 14 години и не подлежат на кривична одговорност, на 03.09.2024 околу 15 часот во местото викано Расадник, на територија на општина Кисела Вода во Скопје, фрлале пиротехнички средства кои претходно ги запалиле со запалка, по што се запалила сувата трева и настанал пожар кој зафатил површина  од околу три хектари.

Со брзата реакција на полициски службеници од СВР Скопје, во координација со други служби, пожарот е локализиран и спречено е настанување на штета од големи размери.

Можете да прочитате

На Деве Баир уапсен Турчин, приложил фалсификувани документи

ИЈЗ потврди морбили кај 12-годишно дете: Се работи за увезен случај од Србија

Полицијата вршела претрес во неговиот дом, а тој пред нив проголтал хероин – итно го однеле во болница