Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кривична пријава против тројца за бруталното претепување на бездомното куче Феликс

Img 0863.png
Dik 300x250 mk

Кривична пријава е поднесена против тројца осомничени за крвничкото претепување на бездомното куче Феликс во кругот на фирма во индустриската зона Момин Поток, објави „А1он“. Инцидентот, кој се случи во ноември, ја шокираше јавноста откако се појави снимка на која се гледа како вработен брутално го претепува кучето со метална шипка.

Кучето, кое подоцна го доби името Феликс, вчера угина во стационарот на ЈП „Лајка“, месец и половина по инцидентот.


Од МВР информираат дека пријавата е поднесена за кривичното дело „мачење животни“ според член 233 од Кривичниот законик, за кое е предвидена парична казна или затвор до шест месеци.

„СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Љ.К. (61), Б.Б. (64) и З.Д. (74), сите од Скопје. За дополнителни информации, обратете се до ОЈО Скопје,“ изјавија од МВР.

Според неофицијални информации, кучето било нападнато откако извршило нужда пред складиштето на фирмата. И покрај бројните пријави за слични случаи, досега во земјава нема осудителна затворска пресуда за „мачење животни“.

Можете да прочитате

Вилма Русковска: Боки 13 ги однел парите од „Рекет“ дома, а наводните пораки од неговиот телефон се лажни

Аеродром: Едно лице натепало баба во продавница

Двајца малолетници од Скопје пријавени за исчезнати во еден ден