Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против скопјанец за фалсификување исправа

Кривична пријава против скопјанец за фалсификување исправа

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Т.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Пријавениот, во својство на управител и сопственик на правно лице од Скопје, во текот на декември 2022 година набавил фалсификувано Уверение за платени даноци и придонеси и го пуштил во правен промет преку електронскиот систем за јавни набавки во ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, како прилог на тендерска документација, по претходно објавена отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка на стоки.

Можете да прочитате

СДСМ Бараат оставка од Филипче – Монти Пајтон политиката на ВМРО

Не стигнало барање за одземање на имунитетот на судијата Ристов, вели Камбовски

Утре ќе се бира шеф на Скопското обвинителство