Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против директор за незаконско вработување на наставен кадар

Skolo 620x330 1.png

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против А.С. (64) од село Ростуше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од 2024 до 2025 година, пријавениот, како директор во основно училиште во село Ростуше, овозможил вработување на несоодветен кадар, односно нестручни наставници кои предавале на ученици во с. Ростуше, како и одделенски наставници во селата Велебрдо и Требиште, а кои немале завршени студии.

Според законот, тие не биле соодветни за извршување на настава согласно Законот за наставници и стручни соработници. Констатирано е дека овие неправилности се потврдени од Државниот просветен инспекторат при инспекциски надзор извршен на 19.09.2025 година.

Можете да прочитате

Пронајдена дрога во Гостивар, уапсени три лица, следува пријава

Муцунски: Наш неостварен стратешки приоритет е отворањето на преговорите и што побрзо членство во ЕУ

Со искази на сведоци денеска продолжува судењето за „Пулс“