Утрински Весник
Македонија

Кривичен суд: Одложено судењето за предметот „Адитив“

20250820150422 big 730x400 94.webp.webp

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека главната расправа за предметот „Адитив“ закажана за утре се отповикува.

Причината за одложувањето е одобрувањето на обвинителниот акт против Б.Н., како продолжение на истрагата како и предлогот за спојување на обвиненијата.


– Со оглед да обвинителниот акт со КОК ООА 47/25, кој претставува продолжение на истрагата за конкретниот предмет, беше одобрен и доставен до судечкиот совет во текот на денешниот ден, како што и информиравме во претходното соопштение, а со кој предлог обвинителството воедно има доставено и предлог за спојување на двете постапки, заради економичност и ефикасност на постапката, а како и не би се направиле непотребни трошоци за спровод на дел од обвинетите, потребно е време советот да се запознае со списите од предметот, како и произнесувањето на одбраната во однос на истото, и да одлучи по предлогот за спојување, стои во соопштението.

Судењето ќе продолжи на следниот утврден термин – 2 септември 2025 година, во 10 часот, во судницата на КПУ Идризово.

Предметот „Адитив“ е поврзан со злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра.

Истрагата опфаќа над 30 лица, меѓу кои и поранешни директори и функционери, а обвиненијата вклучуваат злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, перење пари и оддавање службена тајна.

Можете да прочитате

Мицкоски на гробиштата во Кочани, запали свеќи за загинатите деца

Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона

Прв состанок на координативното тело – силен импулс за реформи и раст