Утрински Весник
Македонија

Кривичен повторно ќе одлучува дали Мијалков да излезе предвреме од затвор, Апелација ја уважи жалбата

Mijalkov .jpg

Апелациониот суд Скопје ја прифати жалбата на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и го врати предметот пред Кривичен, за тој повторно да одлучи за барањето за условен отпуст на Мијалков.

– Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалба на осудениот С.М., од С., а изјавена преку Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга, донесе решение со кое жалбата се уважува, а предметот се укинува и се враќа на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд – соопштија денеска од Апелационен суд Скопје.

Уважувањето на жалбата на осудениот Сашо Мијалков доаѓа откако претходно предлогот на директорот на Казнено-поправниот дом Струга за условен отпуст на осудениот беше одбиен како неоснован.

– Согласно донесеното решение на Апелациониот суд – Скопје како недозволена ја отфрли жалбата на директорот на Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга – дополнуваат од Апелација.

Мијалков издржува казна во затворот во Струга, откако по признанието на вина беше осуден на три години затвор во предметот „Империја“.

Можете да прочитате

Декласифицирани документи на ЦИА откриваат: Киро Глигоров ја одбил грчката понуда од 100 милиони долари за промена на името

На евакуација од Блискиот Исток чекаат 505 македонски граѓани

Минимален пораз на македонските ракометари од Белгија