Утрински Весник
Спорт

Кристијано Роналдо се прости со кралицата Елизабета Втора

Кристијано Роналдо се прости со кралицата Елизабета Втора

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо се приклучи на низата спортисти кои напишаа посвети за британската кралица Елизабета Втора, објавувајќи емотивна порака на социјалните мрежи, откако претходно на „Олд Трафорд“ имаше минута молк за починатата кралица пред мечот со Реал Сосиедад во Лига Европа.

dobivaj vesti na viber

„Седум години од мојата кариера ги поминав во Премиерлигата, со што ова е мојата осма сезона во која живеам во Англија. Во текот на овие години, ја почувствував љубовта на Обединетото Кралство за својата кралица, и колку значајно беше нејзиното височество за британскиот народ. Оддавам почит во нејзина чест и жалам за загубата на земјата која ја нарекувам мој дом. Моите мисли и молитви се со кралското семејство“, пишува Роналдо.

37-годишниот Португалец пристигна во Велика Британија во 2003 кога првпат се приклучи на Јунајтед и помина шест години таму пред да се пресели во Реал Мадрид.

View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина