Утрински Весник
Свет

Кристерсон: Шведска ќе дозволи трупи на НАТО пред да стане членка

Кристерсон: Шведска ќе дозволи трупи на НАТО пред да стане членка

Шведска ќе му дозволи на НАТО да распореди трупи на нејзина територија дури и пред официјално да стане членка на одбранбената алијанса, изјавија денеска шведскиот премиер Улф Кристерсон и министерот за одбрана, Пал Џонсон.

dobivaj vesti na viber

„Владата одлучи дека шведските вооружени сили може да почнат подготовки со НАТО и членките на НАТО за да овозможат идни заеднички операции. Подготовките може да се состојат од привремено сместување странска опрема и персонал на шведска територија. Одлуката испраќа јасен сигнал до Русија и ја зајакнува одбраната на Шведска“, истакнаа тие во колумна објавена во шведскиот дневен весник „Дагенс нихетер“.

Русија ќе остане закана за соседните земји и во догледна иднина, велат тие, посочувајќи дека се сигурни колкава е територијалната амбиција на рускиот претседател Владимир Путин.

Заедно со Финска, која дели долга граница со Русија, Шведска лани објави дека се откажува од 200-годишната традиција на воена неврзаност и дека ќе се обиде да се приклучи во НАТО заедно со соседна Финска како реакција на руската инвазија на Украина.

Земјата веднаш потоа поднесе барање за влез во НАТО, но Турција како членка на алијансата со месеци го блокира приемот на Шведска поради спорови со шведската влада.

Унгарија, која исто така ја блокира Шведска како нова членка, им навести на членките на алијансата дека нема сама да ја блокира кандидатурата на Шведска.

Приговорите од Турција и Унгарија ја одложија кандидатурата и Шведска сега се надева дека успее да се приклучи на самитот на НАТО во Литванија идниот месец. Финска, од друга страна, беше примена во НАТО во април.

„Ние го исполнивме нашиот дел. Сега останува алијансата, Турција и Унгарија да го завршат својот дел“, вели претставник на шведската армија, кој инсистирал на анонимност за да зборува искрено за разговорите зад затворени врати.

Сега кога сите нејзини соседи се членки на алијансата, европските воени претставници и експерти го карактеризираат пристапувањето на Шведска во НАТО како последното парче од сложувалката за целосно интегрирање на одбраната на северна Европа.

Официјалните лица ја поведоа идејата за создавање заеднички воздухопловни сили за регионот откако Шведска ќе се приклучи, како, на пример, проширување на капацитетите и досегот на индивидуалната флота од борбени авиони и воздушната одбрана на секоја земја.

Шведска исто така првпат ќе се приклучи на групата за нуклеарно планирање на НАТО и ќе биде вклучена во тековните дискусии на алијансата за тоа како да го ажурира и комбинира своето конвенционално и нуклеарно одвраќање против Русија.

Три сојузници на НАТО – САД, Велика Британија и Франција – имаат нуклеарно оружје.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk