Утрински Весник
Свет

Кристалина Георгиева останува на чело на ММФ, доби нов петгодишен мандат

Time 100 kristalina georgieva.webp.webp

– Актуелната извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, е единствената кандидатка за оваа функција со нов петгодишен мандат, соопшти Управниот одбор.

Бугарската економистка (70) се наоѓа на чело на ММФ од 2019 година и веќе изјави дека е подготвена за уште еден мандат, доколку биде номинирана.

 Сегашниот мандат на Георгиева истекува на крајот на годинава. Водечката позиција во ММФ традиционално им припаѓа на Европејците, а онаа во Светска банка на Американците.

Георгиева е втората жена на чело на ММФ, по нејзината претходничка Кристин Лагард, која во меѓувреме ја презеде функцијата претседател на Европската централна банка (ЕЦБ).

Можете да прочитате

Трамп: Иран сака договор, но сè уште не е подготвен

Иран го објави главниот услов за завршување на војната

ВИДЕО: Жесток напад на Иран врз Емиратите, огромен пожар во клучно нафтено складиште