Утрински Весник
Македонија

Kрис Павловски за премиерот Мицкоски: Одлична личност и домаќин кој прифаќа идеи

Kris pavlovski 860x573 1.jpg

Во гостување во „Тема на ден“ на телевизија Сител гостуваше Крис Павловски тој истакна дека премиерот Мицкоски е одлична личност и домаќин.

„Имав чест, го запознав премиерот пред многу години, на краток состанок, последните години тој е одличен домаќин. Моите родители се од тука, мојот татко е од Преспа, мојата мајка е од Мариово, двајцата потекнуваат од села од овие области и имам голема поврзаност со оваа држава. Ја обожавам оваа држава, ја сакам Македонија и сакам да направам се за да и помогнам да напредува, да донесам колку што можам повеќе знаење, дури и инвестирав во компании тука во 2011-та вработивме многу луѓе, дури и Рамбл има многу луѓе тука“, истакна Павловски.


Павловски истакна дека секогаш мисли на Македонија и како да помогне.

„Секогаш мислам на Македонија и на начинот како да помогнам. Актуелниот премиер е одличен домаќин, прифаќа идеи и тие односи ги развиваме изминатите години. Тој е одлична личност“, посочи Павловски.

Можете да прочитате

Вечерва бензинската пумпа на Макпетрол во Аеродром не точи никакво гориво

ВЛЕН на средба кај Курти во Косово

(Видео) Полициски специјалци спасија повредено лице од Шар Планина