Утрински Весник
Македонија

Крис Павловски донираше 1 милион денари за семејствата на загинатите во Кочани

Img 5398.png

Канаѓанецот со македонско потекло, Крис Павловски, основач и извршен директор на видеоплатформата „Рамбл“ и член на Управниот одбор на „Македонија2025“, објави на социјалните мрежи дека донирал милион денари за семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани.

„Срцето ми чука за сите семејства и пријатели на починатите во Македонија. 59 луѓе загинаа и повеќе од 100 се повредени во пожар, повеќето деца на возраст од 14 до 20 години. Лично донирав милион денари во Црвениот крст на Македонија за поддршка на семејствата и настраданите“, напиша Павловски.


Овој хуман гест доаѓа во момент кога целата земја тагува по жртвите и се мобилизира за помош на семејствата погодени од оваа трагедија.

Можете да прочитате

Боби Христов прогласен за технолошки вишок во Телма, ССНМ застана зад новинарот

Петров: Оваа недела го доставуваме планот до СДСМ, сулудо е да се чека

Петров: Ние не сме се гледале со Мицкоски, ама Филипче интензивно се гледаше со него