Утрински Весник
Магазин

Крис Хемсворт на дневна забава на Миконос без сопругата

Крис Хемсворт на дневна забава на Миконос без сопругата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Крис и Лијам Хемсворт целосно се опуштија среде бурна дневна забава на грчкиот остров Миконос во четвртокот.

dobivaj vesti na viber

Двајцата браќа беа видени како се забавуваат со актерот Мет Дејмон и неговата сопруга Лусијана Баросо, австралиската ТВ-водителка Лорен Филипс и нејзиниот вереник Пол О’Брајан и уште неколку пријатели во голема вила што ја изнајмија познатите семејства.

Габриела, која е модел за костими за капење „Шанел“ и „Сифоли“, ја покажа својата одлична фигура во микробикини додека братот на Крис, ѕвездата на „Игри на гладта“ (33), се чини дека е задоволен од глетката.

На фотографиите се гледа дека сите уживаат во убав ден со весела дружба.

Меѓу нив и Мет Дејмон со сопругата.

А Елза Патаки, сопругата на Крис, не присуствуваше на лудата забава бидејќи моментно е во Шпанија со нивните три деца – ќерката Индија Роуз (11) и синовите близнаци Тристан и Саша (9).

Во четвртокот, таа присуствуваше на годишнината на Bambu Producciones во Мадрид, каде се појави во мал црн фустан со тенки прерамки.

Холивудскиот актер и Шпанката се во брак 13 години.

Можете да прочитате

Три чаеви кои ќе им помогнат на вашите бели дробови во времињата кога воздухот е загаден

Детето не треба да биде „малиот терапевт“ за родителот

Салеп – топол напиток – 24info.mk